28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобар почеток на деловната година за „Airbus“

Добар почеток на деловната година за „Airbus“

airbus1

Европскиот конструктор на авиони, компанијата „Airbus“ денес соопшти дека во првите два месеца од оваа година добила 80 нарачки и извршила 83 испораки на авиони.

Компанијата, која истакна дека ова е добар почеток на годината, имала 38 откажани нарачки.

Ривалот, американската компанија „Boeing“ испорачала 95 авиони во изминатите два месеци, додека во тој период добила 105 нарачки по 12-те откажани.

Меѓу значајните случувања во февруари, „Airbus“ го истакнува договорот за испорака на 20 авиони А380 со компанијата „Amedeo“, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП