2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина милион лица без работа во Босна и Херцеговина

Половина милион лица без работа во Босна и Херцеговина

nevrabotenibosna7534s

– Меѓу огромниот број граѓани, кои немаат работа во Босна и Херцеговина има и такви кои се регистрирани во бироата за вработување цели 20 години, пишува денеска весникот „Независне новине“, повикувајќи се на податоци на Здружението на невработените во БиХ.

Лошата бизнис клима во земјата е посочена како една од причините за таа ситуација. Координаторот на Здружението Хасан Сејдиќ истакна дека без работа во моментот се околу 560.000 лица, меѓу кои има и голем број луѓе кои се регистрирани во бироата за вработување со децении.

– Во јануари и февруари е регистрирано зголемување на невработеноста, што покажува дека властите не прават ништо по тоа прашање. Излез не се гледа. Не е проблем што сме во тунел, туку оти не се гледа светлина, оцени Сејдиќ.

За кризата во која се наоѓаат невработените во Босна, покажуваат и податоците на Агенцијата за статистика на БиХ за минатата година, според кои 75.000 граѓани се без работа над десет години.

Според Агенцијата за вработување на крајот на јануари, во споредба со декември минатата година, вкупниот број на невработени во Босна и Херцеговина се зголемил за 3.833 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП