18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Растот на индустриското производство силен импулс врз економијата

Ставрески: Растот на индустриското производство силен импулс врз економијата

stavreski vo katastar

Растот на индустриското производство и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари е позитивно и ќе даде силен имплус врз развојот на економијата во оваа година, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Коментирајќи ги најновите статистички податоци за растот на индустриското производство од 6,4 проценти, министерот Ставрески оцени дека трендовите во индустријата се добри и оти тоа претставува поддршка за постигнувањето на предвидениот економски раст за годинава. Според него, значајно е и тоа што има креирање нови работни места во индустријата.

– За 6,5 проценти е зголемен бројот на работници во индустријата само во јануари годинава во однос на истиот месец минатата година, а ако споредиме со 2006 година имаме зголемување на бројот на работници во индустријата за околу 27 илјади. Ако се има предвид дека во поголем дел од овој период имавме светска и европска криза и во голем број земји имаше отпуштања од работа, а кај нас има зголемување на бројот на вработени, посебно во фабриките што се лоцирани во зоните, тогаш секако дека ова се позитивни движења и очекувам тоа да даде силен импулс врз развојот на економијата во оваа година, потенцира вицепремиерот Ставрески.

Ставрески: Пензиите зголемени за 600 денари, го исполнивме ветеното.

Пензионерите денеска добија зголемени пензии за 600 денари што според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е исполнување на ветеното.

– Како што им ветивме на пензионерите, денеска ја извршивме исплатата на пензиите. Секој пензионер во Република Македонија доби зголемена пензија за 600 денари и тоа секако е значајно за заштитата на нивниот животен стадард, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности.

Тој нагласи дека просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и оти за разлика од тогаш кога изнесувала 7.680 денари, сега изнесува 12.450 денари.

– Во Буџетот се предвидени средства во висина од една милијарда и 800 милиони денари за зголемување на пензиите како трансфер во Пензискиот фонд и пензинерите можат да бидат сигурни дека и во преостанатиот дел од годината ќе ги добиваат овие зголемени пензии во првата недела од месецот, потенцира вицепремиерот Ставрески.

Тој најави дека продолжува владината поддршка за оваа категорија граѓани кои освен зголемување на пензиите меѓу другото имаат и бесплатен јавен превоз, намалени цени на лековите и бесплатен престој во болници за оние со помали пензии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП