5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Холандија блокирани украинските сметки

Во Холандија блокирани украинските сметки

eurusdmoney

Холандските власти ги блокираа банкарските сметки на кои се наоѓаат повеќе стотици милиони евра, кои им припаѓаат на Украинците на кои ЕУ им воведе санкции.

Холандскиот министер за финансии Јероен Дајселблум изјави во локалните медиуми дека се блокирани сомнителните сметки, но не ги прецизираше имињата на сопствениците, пренесува Ројтерс.

Министерот во парламентот пред два дена изјави дека во последните денови се забележани повеќе невообичаени трансакции.

Тој додаде дека станува збор за украински бизнисмени кои се обидуваат да ги повлечат парите инвестирани во финансиските институции во Холандија.

Во меѓувреме, ЕУ соопшти дека го замрзнала имотот на насилно соборениот претседател Виктор Јанукович и 17 други официјални лица, вклучувајќи го и имотот на поранешниот премиер Микола Азар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП