28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Синсинати и Луисвил презентирани условите за инвестирање во Македонија

Во Синсинати и Луисвил презентирани условите за инвестирање во Македонија

miainvestmacedonia5945rtjhntfg

Економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска ги презентираа условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата во Синсинати и Луисвил, САД.

Во текот на денот економскиот тим ќе оствари средби со три производствени компании кои се на листата на „Фортуне 500”, помеѓу најголемите 500 компании во САД. Станува збор за компании од индустријата на производство на кабли, производство на производи за широка потрошувачка како и глобална компанија за контакт центри.

Во сите три компании, како што е најавено, делегацијата ќе оствари средби со нивните извршни директори и директори одговорни за стратегија и меѓународни операции.

Во текот на попладневните часови економскиот тим ќе го посети градот Луисвил во Кентаки, каде ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија пред бизнис заедницата во овој град.

Настанот во Луисвил е организиран во соработка со World Trade Center Kentucky и Greater Louisville Chamber.

Со ова завршува петдневната посета на овој регион во САД во градовите Филаделфија, Питсбург, Јангстаун, Акрон, Синсинати и Луисвил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП