27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвиот паметен телефон со заоблен екран во светот единствено во Вип

Првиот паметен телефон со заоблен екран во светот единствено во Вип

vipioio

Вип оператор продолжува со традицијата на своите корисници да им ги прави достапни најсовремените технолошки достигнуваања во светот на мобилните комуникации. Под мотото “Oбликот на иновацијата”, Вип оператор за прв пат на македонскиот пазар го претставува првиот флексибилен смартфон со заоблен  екран LG G Flex, ексклузивно и единствено достапен во продажната мрежа на Вип.

Покрај иновативниот заоблен дизајн кој одговара на природната форма на лицето и раката на корисникот, заобленоста на LG G Flex 6.0″ OLED екран овозможува импресивно искуство при гледање во него, исполнето со живописни бои, а истовремено и со намален отсјај (предизвикан од рефлексија на светлината). Исто така, заоблениот екран овозможува исполнување на видното поле на корисникот и фантастичен панорамски преглед на содржините кои се гледаат.

Одличната 13 МР камера на LG G Flex му овозможува на корисникот да ги овековечи сите свои важни моменти во висока резолуција од 4160 x 3120 пиксели, корисникот без проблем може да прави прецизни ноќни фотографии или пак да снима видеа, кои потоа може да ги гледа на експанзивниот екран, да ги отпечати или сподели со своите пријатели.

FOTO_Vip_LG G Flex

Моќниот Qualcomm Snapdragon ™ ® 800 2,26 GHz Quad – core процесор овозможува беспрекорно функционирање на телефонот дури и кога повеќе апликации се во функција истовремено.

Вградената Li-Po 3500 mAh батерија овозможува солидни 15 часа за разговори, додека времетрањето на батеријата во мирување е 720 часа.

Како доказ за уникатноста на LG G Flex е неодамнешното признание од страна на Меѓународниот форум за дизајн (International Forum Design), настан кој има за цел да ги препознае и промовира производите кои се одликуваат со извонредност и иновативност во нивниот дизајн. LG G Flex од страна на жирито на форумот е пофален поради неговиот кориснички интерфејс и заоблениот екран кои придонесуваат во целокупното корисничко искуство во поглед на ергономичноста и квалитетот.

LG G Flex е веќе достапен за корисниците Вип во продажните Вип центри ширум земјата, по цени започнувајќи од 22.999 денари во постпејд тарифата  Vip Free +No limit+ со договор на 24 месеци.

Повеќе информации за оваа понуда и Вип, корисниците можат да добијат со јавување во контакт центарот на Вип на 077 1234 или на веб страницата www.vip.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП