29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот не е валута но треба да се оданочува

Биткоинот не е валута но треба да се оданочува

bitkoijao8279edjagje['4

Биткоинот не е валута, но трансакциите на биткоин би требало да бидат оданочени, во рамките на настојувањата да се формираат официјални регулативи за таа виртуелна единица.

Според соопштението на јапонската влада, банките не можат да посредуваат со биткоин трансакции ниту да отворат сметка на која ќе биде оваа виртуелна валута, пренесува Франс прес.

Јапонската влада, сепак, не прецизираше како ќе се пресметува оваа дигитална валута.

„Биткоинот не припаѓа во категоријата на валути онака како што тоа е дефинирано со јапонскиот закон, но би можел да биде оданочуван. Доколку биткоин трансакциите се користени за перење пари, тоа претставува криминално дело“, се вели во соопштението на владата, која наведува дека во моментов не постои јапонски закон кој јасно го дефинира биткоинот.

За разлика од традиционалните валути зад кои стојат централните банки, вредноста на биткоинот се утврдува со мноштво компјутери, и зад неа не стои ниту една централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП