2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста сеуште ги мачи Словенците

Невработеноста сеуште ги мачи Словенците

S

Бројот на невработени во Словенија се намалува, во февруари во Заводот за вработување биле регистрирани 129,764 лица, што е за 0,1 проценти помалку отколку во јануари.

Во споредба со февруари минатата година, невработеноста била поголема за 4,6 проценти.

Во првите два месеци од оваа година во Заводот за вработување во просек биле пријавени 128,804 лица, што е за 4,5 проценти повеќе во однос на истиот период од 2013 година.

Во февруари оваа година во Заводот се пријавиле нови 7,973 невработени што е за 46,2 проценти помалку отколку во јануари, но за 7,7 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.

Меѓу новите пријавени, 1,387 бараат вработување за прв пат, 1,731 лица биле траен вишок, додека 3,810 лица ја изгубиле работата поради истекот на вработувањето на одредено време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП