12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има предлог за ММФ

Русија има предлог за ММФ

mmf-somalia

Руските официјални претставници го повикаа ММФ да продолжи со планираните реформи без учество на САД.

Тоа би можело да значи дека се залагаат за Вашингтон да остане без право на вето на важните одлуки во Фондот.

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, ја презентираше идејата на состанокот со лидерите на групата Г20 за најразвиените земји во светот во Сиднеј на крајот на минатиот месец.

Неуспехот на американскиот Конгрес да го одобри финансирањето на ММФ ги попречува реформите договорени во 2010 година, со кои двојно би се зголемиле средствата во Фондот и би им дале поголемо право на земјите во развој како што е Кина.

САД е единствената земја која има контролен удел во правото на глас на ММФ, што значи дека за секоја важна одлука потребно е одобрение од Вашингтон.

Продолжувањето на реформите без САД веројатно би подразбирале измена на комплицираните прописи на ММФ. Бројни земји, сепак, веќе се фрустрирани од неспособноста на американската администрација да обезбеди поддршка на Конгресот за реформи.

Изворите наведуваат дека земјите од Г20 се договориле на Америка да и се даде рок до април, пред да се спроведат агресивни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП