ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешката економија го забрза растот

Чешката економија го забрза растот

cheshka

Чешката економија во четвртиот квартал минатата година порасна за 1,9 проценти на квартално ниво, а 1,3 проценти на годишно ниво, што е повеќе од првичните очекувања.

За цела измината година, според податоците на Чешкиот завод за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на земјата бил за 0,9 проценти понизок од 2012 година, што исто така е подобар резултат од првично очекуваниот.

Толкку голем квартален раст последен пат е забележан на почетокот на 2007 година.

Според проценките на статистичкиот завод од 14 февруари, во последниот минатогодишен квартал, БДП е зголемен за 1,6 проценти во однос на претходниот квартал, а во однос на последниот квартал од 2012 година за 0,8 проценти. За цела година статистичарите предвидуваат пад на економијата за 1,1 проценти.

Растот на БДП е поттикнат од девизните интервенции и зголемениот данок на промет, објави Статистичкиот завод.

Како што покажуваат достапните податоци, чешкиот БДП во периодот од октомври до декември 2013, меѓу земјите на Европската унија, растел најбрзо.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП