21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOTE: По пет години раст на приходите

OTE: По пет години раст на приходите

otendw9j'qw,kcd

Најголемата грчка телекомуникациска компанија „OTE“, во четвртиот квартал од 2013 година, за прв пат после пет години забележа раст на приходите.

Тоа е новиот можен знак за закрепнување на грчката економија по неколкугодишната рецесија.

Приходите од продажбата на овој оператор во чија сопственост Дојче Телеком учествува со 40 проценти, се зголемија за 0,1 проценти, во извештајниот квартал, достигнувајќи износ од 1,046 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

„ОТЕ“ наведува дека очекува продажбата во 2014 година да продолжи да се намалува, но со побавно темпо во однос на 2013 година (6,4 проценти), така што на годишно ниво би требало да биде најмалиот пад на приходите за период од пет години, кој беше обележан со падот на стандардот на домаќинствата и жестоката конкуренција на пазарот во оваа област.

Годишниот профит на компанијата „OTE“ во 2013 година е намален за 35 проценти, на 287,8 милиони евра, а 1,800 вработени предвремено беа пензионирани, со цел намалување на трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП