2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата BP останува верна на Русија

Компанијата BP останува верна на Русија

bp rusiaa

Компанијата „BP“ и натаму ќе ги задржи своите инвестиции во Русија, рече директорот на компанијата Боб Дидли.

Неговите уверувања доаѓаат во момент кога САД повикува на изолација на Русија и ограничување на економските соработки со Москва, а причината за тоа се случувањата во Украина.

„BP“ во Русија поседува пакет на акции во „Rosneft“ од 20 проценти, пренесуваат светските медиуми. „Rosneft“ има добри резултати во оваа година и тоа е голем дел од портфолиото на компанијата, вели Дидли, кој претходно имаше сложени односи со руската страна за време на работата во Москва.

Во 2008-та година Дидли ја напушти Русија, затоа што стравуваше за својата безбедност. Тоа беше периодот кога се појавија спорови околу управувањето на компанијата „TNK-BP“, а на нејзино чело тогаш беше токму Дидли.

„TNK-BP“ подоцна ја превзема „Rosneft“, па такa „BP“ се стекна со пакет во руската компанија. „Rosneft“ за „TNK-BP“ плати 55 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП