2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: Словенија сеуште има сериозни проблеми

Рен: Словенија сеуште има сериозни проблеми

olirenjdad98j3pr

Словенија сеуште има сериозни проблеми и треба да ги зајакне реформите, изјави европскиот комесар за економија Оли Рен.

„Словенија имаше и сеуште има сериозни и длабоки економски проблеми и потребно е време да ги отстрани“, изјави Рен за Извештајот за макроекономскиот дебаланс на земјите членки.

Во него, Словенија повторно е предупредена за прекумерниот буџетски дефицит и потребата за брзи реформи со кои ќе мора да се обврзе во новата програма за реформи која ќе треба да ја достави во април оваа година.

„Словенија во последните неколку месеци започна ефективни мерки, но мора да го сочува темпото и да го зајакне на некои од нив“, изјави Рен.

„Сеуште постојат прекумерни економски дебаланси кои бараат одлучна акција на владата и другите органи на власт, со цел да се подобри состојбата“, додаде тој и укажа на потребата од брза приватизација, вклучувајќи ги и државните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП