3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродукциската верзија на моделот BMW X4 (фото+видео)

Продукциската верзија на моделот BMW X4 (фото+видео)

x 4 bmw krosover

Додека сите погледи се свртени кон Женева, од „BMW“ одлучија да ги објават првите фотографии и спецификации на својот нов модел, „X4“.

Како што и се очекуваше, продукциската верзија е главно заснована на истоимениот концепт од 2013-та година.

x 4 bmw krosover1

Во однос на концептот, стилските промени ги опфатија предниот и задниот браник, ретровизорите и задните странични прозори.

„BMW X4“ e во суштина помала верзија на моделот „Х6“, а е поставен на платформата на моделот „BMW X3“ од кој е подолг за 14 mm и понизок за 36 mm.

x 4 bmw krosover2

Внатрешноста е дизајнирана исто така по примерот на „Х3“, со целосна употреба на украсни елементи од алуминиум.

„BMW“ не ја занемари ниту практичната страна на овој купе-кросовер. Задната клупа е делива во однос 40:20:40, па така деловите од седиштата можат поединечно да се навалуваат.

x 4 bmw krosover3

Кога се спуштени сите три дела, корисната зафатнина на багажникот се зголемува на 1400 литри.

Погледнете го промотивното видео за „BMW X4“:

Во понудата ќе бидат шест мотори, по три бензински и дизел агрегати.

Палетата на бензински мотори ја сочинуваат две 2.0-литарски „TwinPower Turbo“ четирцилиндарски единици со 184 ks (135 kW) и 270 Nm и со 245 ks (180 kW) и 350 Nm.

x 4 bmw krosover4

Покрај нив на купувачите на располагање ќе им биде и 3.0-литарски „TwinPower Turbo“ шестцилиндарски мотор со 306 ks (225 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Кога станува збор за дизелите, најслабиот е 2.0-литарски четирицилиндарски „TwinPower Turbo“ мотор кој развива 190 ks (140 kW) и 400 Nm.

bmw-x4-2015-002-1

Најмоќните дизел верзии во понудата им припаѓаат на шестцилиндарските 3.0-литарски „twin-turbo“ единици од 258 ks (190 kW) и 560 Nm и 313 ks (230 kW) и 630 Nm.

Се очекува „BMW X4“ да има светска премиера на саемот за автомобили во Њујорк во април месец, а производството ќе започне напролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП