30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Скопје со промотивна понуда за станбен кредит

Стопанска Банка АД Скопје со промотивна понуда за станбен кредит

stopanska

Како лидер на пазарот за станбени кредити, следејќи ги насоките на пазарот и барањата на клиентите, Стопанска банка ја почнува пролетната сезона со атрактивна понуда за сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит од 05.03. до 05.06.2014 година.

Покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката на клиентите им нуди значително олеснување – 0 денари за административни и трошоци за процена.

Со оваа понуда, Банката им помага на клиентите да го направат првиот чекор во својот нов дом и ја потврдува поддршката што во своите 70 години ја гради и нуди за генерации на клиенти.

Станбените се долгорочни кредити и се обврска за буџетот која семејството мора внимателно и детално да ја планира. Токму затоа, нудиме кредит со 5 години гарантирани годишни каматни стапки:

  • 5% за првите три години и
  • 6% за следните 2 години

по истекот на петте години во примена е променливата годишна каматна стапка која во моментов изнесува 6.89%.

slika za web

Најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи.

Станбениот кредит може да се користи за купување на стан, куќа, изградба / надградба на куќа, купување на деловен простор и рефинансирање по најповолни услови на кредити од други банки.

Советниците за кредитирање во филијалите на Банката ве очекуваат да ви помогнат во секој чекор до вашиот нов дом.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП