28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканска компанија за медицински помагала заинтересирана за инвестирање во Македонија

Американска компанија за медицински помагала заинтересирана за инвестирање во Македонија

amerikamedicinska5523

Американскиот центар на индустрија за производство на гума Акрон денеска ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија. Економскиот тим предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, ќе ги претстави условите за правење бизнис во Македонија на Бизнис форум организиран во соработка на Стопанска комора во Акрон.

Пријавени се да учествуваат компании од индустријата на производство на полимери и пластични маси, како и компании од други индустрии, а делегацијата ќе има средба и со претставници на клубот на Македонски бизнисмени од Акрон, каде подетално ќе ги запознае иселениците за бизнис можностите во Македонија.

Како транспортен центар меѓу источниот брег на САД и делови од западот, Акрон денес е град кој има изградено и развиено индустрија не само во областа на производство на производи од гума, туку има и високо развиена индустрија и за производство на пластични материјали, полимери, хемикалии, метали, моторни возила, медицински помагала, инструменти и материјали за воздухопловството.

Во попладневните часови економскиот тим ќе има средба со извршните директори на компанија која произведува медицински помагала и која веќе има производствени капацитети во Европа. Компанијата иницијално има пројавено интерес за можноста да префрли дел од своите фабрики од поскапите локации во Европа, во Македонија.

Директните средби со компании, македонската делегацијата ги продолжува утре во Синсинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП