Многумина ќе бидат изненадени кога ќе прочитаат кои намирници, содржат повеќе сол од еден чипс, а всушност се рангирани како добри за организмот. Ви откриваме пет навидум безопасни намирници.
Натриумот е минерал кој во комбинација со хлоридот е познат како готварска сол. На организмот му е потребен натриум, но не е сомнено дека многу луѓе премногу го внесуваат. Избегнувањето на солените апетисани, грицките и чипсовите можеби нема да биде доволно за да го намалите внесувањето на сол во организмот, доколку не обрнете внимание и на овие намирници.
Половина лажица обезмастено сирење
Содржи дури 270 милиграми сол. Проблемот е во тоа што секој јаде многу повеќе од оваа количина, а тоа значи дека се претерува и со внесувањето на сол во организмот.
Половина лепиња
Лепињата од пченично брашно наизглед не му се заканува на вашето здравје, особено ако таа е направена од цело зрно од пченица бидејќи тоа е добар извор на влакна. Меѓутоа, содржи 284 милиграми сол во само една половина.
Две лажици прелив за салата
Во само две лажички прелив за салата се наоѓа повеќе сол отколку во цела кесичка чипс.
Вегетаријанска плескавица
Во купениот вегетаријански бургер се наоѓаат 398 милиграми сол
Половина лажица доматен сос од конзерва
Сосот од домати содржи липкопен како каротеноид кој е поврзан со намалувањето на срцевите болести и оболувањето од некои видови рак. Но, мора да го внесувате во умерени количини бидејќи само во половина чаша има неверојатни 642 милиграми сол.