24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе патници во патниот и воздушниот сообраќај, помалку во железничкиот

Повеќе патници во патниот и воздушниот сообраќај, помалку во железничкиот

salter_stanica

Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз во последното тримесечје од 2013 е зголемен во однос на истиот период од претходната година. Последните три месеци лани биле превезени 4.250.000, а во 2012 година 4.156.000 патници, додека вкупниот број патници во 2013 година бил 16.052.000.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во последното тримесечје минатата година во железничкиот превоз биле превезени 216.000 патници и споредено со истиот период претходната година е намален за 14.000.

Во градско – приградскиот превоз бројот на патници е зголемен од 19.803.000 во 2012 година, на 20.140.000.

Бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз во последниот квартал лани изнесувал 227.733, што е за 29.554 повеќе од истиот период во 2012 година.

Во истиот период, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз, пак, е намалено за 7,5 отсто, во железничкиот за 0,7 проценти, додека во воздухопловниот превоз има зголемување од 3,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП