1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците во градежништвото повисоки за 1,4 отсто

Трошоците во градежништвото повисоки за 1,4 отсто

gradeznici-aktivnosti-stranstvo

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последниот квартал од 2013 година бележат пораст од 1,4 отсто во однос на четвртиот квартал од 2012 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на исто ниво, трошоците за материјали се повисоки за 0,2 отсто, а трошоците за вработените се пониски за 0,7 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4 отсто, трошоците за материјали се пониски за 2,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП