29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолеми казни за La Roche и Novartis

Големи казни за La Roche и Novartis

novartis-und-roche-127745923

Италијанската Управа за заштита на конкуренцијата „Antitrust“, поради илегални договори за пласирање на скапи лекови на пазарот, со повеќе од 180 милиони евра ги казни двата фармацевтски гиганти, швајцарските компании „La Roche“ и „Novartis“.

„Antitrust“ објави дека компаниите се казнети со рекордна глоба поради договор со кој е нанесена штета на италијанскиот здравствен систем, како и поради манипулација на пазарот.

Имено, наместо лекот „Avastin“ на компанијата „La Roche“, кој се користи за болести на очите кои се особено чести кај постарите лица, користен е многу поскапиот лек „Lucentis“ на компанијата „Novartis“.

Поради оваа замена, која е направена со договор на двете компании, италијанското здравство во 2012-та година е оштетено со повеќе од 45 милиони евра.

Компанијата „La Roche“ е казнета со 90,5 милиони, а „Novartis“ со 92 милиони евра.

Швајцарските компании ова обвинение го сметаат за неосновано, па поради тоа најавија жалба на оваа судска одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП