13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Французите ја намалија невработеноста

И Французите ја намалија невработеноста

pariz121par1

Стапката на невработеност во Франција во четвртиот квартал од 2013 година е намалена за 0,1 проценти, на 9,8 проценти од активната популација.

„Започнувајќи од половината на 2011 година, за прв пат е забележан пад на стапката на невработеност, што е во согласност со очекувањата на претседателот Оланд дека невработеноста ќе започне да се намалува на крајот на 2013 година“, изјави францускиот министер за труд Мишел Сапен, пренеусва агенцијата АФП.

Спротивно на тоа, вториот показател на пазарот за труд – бројот на кандидати за работа на Бирото за вработување, покажува продолжување на растот на бројот на невработени во истиот квартал, и тоа за 190.000 лица во категоријата А (без никакво вработување).

Меѓутоа, како што наведува ИНСЕЕ, не станува збор за контрадикторни податоци, туку за различни методи на мерење.

Историскиот рекорд на невработеност во Франција е забележан во два наврати, во 1994 и 1997 година, кога стапката на невработеност изнесуваше 10,4 проценти, додека на најниското ниво беше на почетокот на 2008 година (6,8 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП