28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДојче Телеком го зголеми кварталниот профит

Дојче Телеком го зголеми кварталниот профит

deutschetelekom1huhthy

Германската телекомуникациска компанија Дојче Телеком во четвртиот квартал минатата година го зголемила профитот за 1,3 проценти, со раст на приходите од 6,5 проценти, главно поради добивањето на нови клиeнти во Германија и САД.

Бруто оперативниот профит (ЕБИТДА) на овој оператор во извештајниот период изнесувал 4,06 милијарди евра (со исклучок на вонредни ставки) што сепак беше под очекувањата на аналитичарите (4,14 милијарди), пренесува Ројтерс.

За тековната година Дојче Телеком предвидува ЕБИТДА на стабилно ниво, односно, околу 17,6 милијарди евра и поголеми инвестиции отколку во 2013 година, поради кои нивото на готовина ќе биде вратено на износ од околу 4,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП