26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на преработувачите со примарните земјоделски производители

Средба на преработувачите со примарните земјоделски производители

zemjodelski1

Во Струмица денеска ќе се одржи работна средба за подобрување на дијалогот и зацврстување на кооперантските односи на преработувачите со добавувачите на суровини – примарните земјоделски производители.

На средбата меѓународниот експерт Бит Ходлер, ќе ги презентира меѓународните искуства за договорни односи и производство.

Средбата е во рамки на поддршката која Швајцарската програма за промоција на увозот (SIPPO) и ja обезбедува на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП). Оваа активност ќе се спроведува преку организирање на три регионални средби со учество на преработувачи и нивни сегашни и потенцијални кооперанти. Првата веќе се одржа во Кочани, а следниот работен состанок треба да се одржи на 7.март во Негорски бањи, Гевгелија.

Целта е да им го доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите. Ова активност има за цел и да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност, но и постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП