3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен моделот Mercedes S-Class Coupe (фото+видео)

Претставен моделот Mercedes S-Class Coupe (фото+видео)

s coupe-1

Само еден месец по интернет презентацијата, „Mercedes“ го прикажа своето ново најлускузно купе на една саемска манифестација. На почетокот, „S сlasѕ“ купе ќе биде понуден екслузивно во верзијата „S500“ со 4.7-литарски „V8“ мотор.

Наследникот на „CL сlasѕ“ е долг 5.027 mm, широк 1.899 mm и висок 1.411 mm. Meѓуосовинското растојание е 2.345 mm, a на купувачите ќе биде понуден со алуминиумски бандажи чии димензии се од 18 до 20 инчи.

s coupe-2

Дизајнот на надворешноста во поголем дел е превземен од истоимениот концепт кој „Mercedes“ го претстави на саемот во Франкфурт.

Ентериерот за нијанса е помалку футуристички во споредба со концептното возило и доста потсетува на лимузината „S сlasѕ“, пред се според изгледот и содржината на централната конзола и дигиталната инструмент табла.

s coupe-3

На возачот освен двата големи екрани, едниот на кој се отчитуваат инструментите, и другиот кој му припаѓа на мултимедијалниот систем, достапен е и „head-up“ дисплеј, кој најважните параметри во текот на возењето ги прикажува на шофершајбната.

„Mercedes S сlasѕ Coupe“ е опремен и е подобрен со „Magic Body Control“ системот за суспензија, кој автоматски се прилагодува на условите на патот.

Основна идеа е на патниците да им се понуди максимална удобност при возењето, без оглед на тоа колку е нерамна подлогата по која автомобилот се движи.

s coupe-4

Кај купе верзијата, системот е дополнително подобрен и овозможува благо наслонување во кривините, па така на патниците помалку ќе делува страничната сила. Системот функционира при брзини од 30 дo 180 km/h.

На почетокот на продажбата, „Mercedes S сlasѕ Coupe“ ќе биде достапен за купувачите во верзијата „S500“ со 4.7-литарски „V8“ мотор кој произведува 455 ks (335 kW) и 700 Nm максимален вртежен момент.

Погледнете дел од атмосферата од женевската премиера на овој модел:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП