3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКратка историја на CV-то

Кратка историја на CV-то

CV

Потеклото на кратката биографија, позната и како CV, влече корени уште од далечната 1482 година.

1482 година – Година на “раѓањето” на CV-то. Леонардо Да Винчи го креира првото професионално CV. Неговите наведени вештини и искуства вклучуваат фрлање карпи, изградба на “лесни” мостови и скулптури.

1500 година – Праксата на пишување на “резиме” се развива од патувачките работници со цел да се претстават самите себе на локалните еснафи и лордови.

1930 година – На CV-ата се гледа како на неформални, рачно напишани “чкртаници” кои се направени на интервјуата или состаноците.

1937 година – Наполеон Хил ја објавува “Think and Grow Rich”. Под реден број 6, во “чекори на успехот” е вклучено како да се напише “убиствено резиме”.

1950 година – CV-то се формализира и добива широка употреба при аплицирањето за работа. Тоа главно вклучувало лични податоци за апликантот, како религија, брачен сатус и тежина.

1960 година – Апликантите почнале да додаваат хоби и интереси во нивните CV-а, градејќи покомплетна слика за нивните личности.

1970 година – Компјутерските компании почнале да го произведуваат првите алатки за обработка на текст, носејќи поголема конзистентност на содржината на CV-то.

1984 година – Објавен е првиот водич исклучиво посветен на CV-то, именуван како “How to Write Your CV”.

1995 година – Формиран е глобалниот world wide web (www), кој води до безброј онлајн работни ресурси и директориуми за работодавците, креирајќи голем број на потенцијални вработени.

1998 година – Формиран е Google, олеснувајќи им го пристапот на барателите на работа преку онлајн пребарувањето.

2003 година – Лансиран е LinkedIn како нова веб алатка за деловни цели, како дел на веб алатките кои презентираат CV-то онлајн.

2007 година – Видео сајтовите, како Youtube овозможуваат видео CV-то да стане општо, дури и задолжително за некои работни улоги.

Денес – На располагање се стотици онлајн локации каде може да се креира и зачува CV-то, со внес на соодветни податоци.

Агенција за привремени вработувања Анторис – www.antoris.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП