4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз под засилен надзор поради големиот долг

Париз под засилен надзор поради големиот долг

parizjsio8u3fjckl

Европската комисија денес одлучи Франција да биде под засилен надзор поради недостатокот на конкурентност и високото ниво на долг.

Во Франција владее голема макроекономска нерамнотежа и сега е неопходен овој вид на мониторинг, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Истата мерка ќе биде применета и за Шпанија и Ирска.

Франција, втората економија во еврозоната, се наоѓа покрај државите кои имаа големи проблеми во екот на кризата и на кои им беше потребна финансиска помош.

Во соопштението од Брисел е наведена долга листа на забелешки против Франција, како поради недостатокот на конкурентност, така и поради преголемите трошоци за работната сила и јавниот долг кој продолжува да расте, пренесува АФП.

Само Хрватска, Словенија и Италија, кои исто така имаат големи проблеми со долгот и конкурентноста, се наоѓаат во полоша ситуација од Франција, наведува Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП