18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарична казна за концесионерот на рудникот „Добрево“

Парична казна за концесионерот на рудникот „Добрево“

rudnikrufuy7yh

– Парична казна од 5 до 10 илјади евра ќе му биде изречена на концесионерот „Индоминерали и метали“ за несреќата што се случи во пробиштипскиот рудник за олово и цинк „Добрево“ во која беа повредени двајца рудари.

Од Државниот инспекторат за техничка инспекција денеска појаснија дека прекршочната санкција ќе биде поднесена поради непочитување на мерките за безбедност во рудникот.

– Од увидот во документацијата, земените изјави од очевидците и раководителите и изјавата од повредените работници, наше мислење е дека несреќата се случила поради лоша проценка на местото за работа во смисла дали е потребно да се изврши целосно подградување на местото каде требало да се работи или стените биле доволно цврсти за да обезбедат сигурност при работата, истакна инспекторот Драган Димитровски, кој извршил увид на местото на несреќата.

Тој појасни дека работниците се повредиле во моментот кога почнале да вршат дупчење во рудникот при што поради вибрациите и големиот звук што притоа се создава врз нив паднале еден поголем и еден помал камени блок.

Помалиот паднал врз едниот работник при што тој се здобил со повреда на десната потколеница, додека поголемиот блок паднал врз другиот работник кој има повреди на рбетниот столб и стапалото.

Укажана им е прва помош од страна на колегите по што се пренесени во Клиничката болница во Штип, а потоа и на клиниките во Скопје.

Целосното мислеење од Државниот инспекторат ќе биде доставено до Јавното обвинителство.

Несреќата во рудникот „Добрево“ се случи во неделата во една од рударските јами.

Од Државниот инспекторат за техничка инспекција апелираат концесионерите да ги почитуваат законските одредби и да обезбедат соодветни услови за работа во рудниците затоа што во спротивно против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави и казни.

Минатата година во Македонија во рударски несреќи се повредени 106 работници од кои два случаи се со смртни последици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП