КОМПАНИИ

Најголемите автопроизводители располагаат со 160 милијарди евра

aautoslogo2

Десетте најголеми производители на автомобли во светот имаат собрано повеќе од 160 милијарди евра во готовина до крајот на 2013-та. година. Овие пари ќе се употребат за инвестиции во нови производи, стратешки сојузи и други стратегии за зголемување на производството. Ова го покажа истражувањето кое го изврши куќата „Ernst & Young“.

Компаниите натрупуваат пари за да немораат да се потпираат на банките, кои сега многу потешко нудат заеми, вели аналитичарот на „EY“, Анил Валсан.

Овие пари се собрани и покрај кризата, но дел и како реакција на неа, вака беше објаснето во студијата.

Покрај развојот на нови возила, произвоидтелите на автомобили бараат и стратешки партнерства за влез на нови пазари, како што се во северна Африка, Блискиот Исток и југоисточна Азија.