4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови кадровски промени во Microsoft

Нови кадровски промени во Microsoft

microsoft promenii

Официјално е потврдено дека „Microsoft“ го напуштаат Тони Бејтс и Тами Релер. Бејтс си заминуваат веднаш, додека Релер во компанијата ќе помине уште некое време.

Тони Бејтс беше раководител на одделението за равој на решенија за деловни корисници, а во „Microsoft“ се придружи преку аквизицијата „Skype“. Со оглед дека беше кандидат за „CEO“ на компанијата, до некаде и се очекуваше дека ќе си замине, кога Сатја Недела беше избран за оваа функција. На негово место ќе дојде Ерик Рудер.

Тами Релер моментално е потпретседател на одделението за маркетинг. Нејзината должност ќе ја превземе Крис Капосела, кој ќе биде главен шеф на маркетинг. Релер ќе остане на оваа должност уште некое време, додека работите не ги превземе новиот шеф.

Нова улога доби и Марк Пен, кој во јавноста е познат по кампањата „Scroogled“. Досегашниот потпретседател за рекламирање и стратегии, сега станува главен шеф за стратегија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП