3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТајните на деловниот успех на Марта Стјуарт

Тајните на деловниот успех на Марта Стјуарт

Marthadwmjdjwmimacd

Марта Стјуарт многу одамна се докажала во деловниот свет, а со своите совети одлучи да им помогне на оние кои ги чека тоа. Во разговор за деловниот портал „Enterpreneur“ откри неколку тајни на својот успех.

1. Учиме цел живот

„Никогаш немојте да одите во пензија, немојте ни да го користите тој збор“, рече Стјуарт. „Учите цел живот и запомнете дека секогаш можете нешто да работите. А ако не ви оди, секогаш постои друга опција, не заборавајте на тоа.“

2. Инспирацијата е секаде околу нас

„Водете сметка за својата околина, бидејќи таа е извор на вашите идеи. Запознајте нови луѓе, слушајте ги другите, откривајте нови работи и запишувајте ги. Некогаш сигурно ќе ви послужат.“

3. Дефинирајте ја границата на деловното и приватното

„Помеѓу мојот професионален и приватен живот не постои граница, мојата работа е мојот живот. Меѓутоа, не можат сите така да функционираат. Важно е само да сте среќни.“

4. Само напред

„И во тешките времиња можете да пронајдете инспирација, за да ги олесните. Секогаш имајте позитивен став. На својот пат можете да застанете и неколку пати, но важно е никогаш да не се враќате на почеток.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП