28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на активностите во приватниот сектор на еврозоната

Силен раст на активностите во приватниот сектор на еврозоната

rastaktivnosti54sfrg

Активностите во приватниот сектор на еврозоната во февруари забележаа најсилен раст за повеќе од две ипол години, благодарение на скокот во услужниот сектор, покажа истражувањето објавено вчера.

Конечниот вкупен индекс на менаџерите за набавка во еврозоната (ПМИ) кој го изработува истражувачката компанија „Маркит“, а ги мери деловните aктивности во илјадници компании и се смета за добар показател на економското здравје, е ревидиран на 53,3 поени, од почетно проценетите 52,7 поени.

Всушност, индексот осми месец по ред ја надминува границата од 50 поени, која го дели растот од падот на активностите, во јануари тој изнесуваше 52,9 поени.

Истражувањата покажуваат дека економијата во регионот е на пат да забележи раст во првиот квартал меѓу 0,4 и 0,5 проценти, пресметува „Маркит“.

„Конечниот ПМИ покажува дека економијата во еврозоната забележала најголем раст од јуни 2011 година, што е во спротивност со забавувањето кое беше сигнализирано во почетната проценка“, изјави Крис Вилијамсон, главниот економист на „Маркит“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП