28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски наставници ќе учествуваат на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт !

Македонски наставници ќе учествуваат на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт !

microsoft_compet

Со цел да се препознаат и наградат достигнувањата на најиновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од  11-14 март 2014 година во Барселона  ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт. Оваа едукативна олимпијада ќе се одржи по 9 пат во организација на Microsoft, а наставниците повторно ќе се охрабрат да се развиваат професионално, да ги споделат нивните идеи и нивната работа да биде наградена.

Оваа година на овој светски форум се очекуваат над 1100 учесници од 97 земји членки, и тоа над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери , над 250 најдобри наставници, како и многу други.

Македонија на овој форум ќе ја претставуваат 3 најиновативни наставници- експерти:  Весела Богдановиќ – (овогодишен победник на државниот натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert ) и Дарко Талески и Софија Грабулоска (победници од претходниот Светски Форум во 2012 година).

Македонија досега учествуваше на Светскиот натпревар со проектите„Бабини игри“ и „Stop Motion Animation“ – кои беа наградени на европските и светските натпревари на Мicrosoft во 2010, 2011 и 2012 год, што е показател за тоа дека и Македонија поседува високо квалитетни наставници со големи амбиции, креативност и знаења.

Поранешниот Министер за Образование г-дин Панче Кралев е дел од комисијата на оценувачите кои ќе ги оценат најдобрите 250 селектирани проекти од 15.000 апликации.

„ Ние во Microsoft веруваме дека технологијата сама по себе не може да ги изгради вештините на 21 век кај учениците. Технологијата е акцелатор, но сама по себе не овозможува промени. Ние веруваме во силата на наставниците, како и во влијанието кое наставниците може да го имаат кога се здружуваат заедно и особено кога имаат прилика да добијат признанија за своите достигнувања. За таа цел, локалната канцеларија во Македонија веќе 5 години по ред силно ги поддржува мотивираните наставници, кои имаат особена страст за својата кариера, ги инспирираат учениците да размислуваат отворено и да имаат вистински соработувачки дух, а со тоа допринесуваат за значајни промени во процесот на учењето. Веќе две години по ред, нашите наставници се препознати како носители на промени и освоија победи на европските и светските натпревари. Јас сум убедена дека и оваа година ќе бидеме препознаени на светските рамки но за да оваа мисија да биде исполнета најтешката задача за нас е како овие добри практики успешно се применуваат и позитивно влијаат во нашето образование.“ – изјави Влора Адеми – менаџер на Академските Програми во Мicrosoft  Македонија и Косово.

Според Генералниот директор на Microsoft, Стефан Плавјански,  инвестирањето во образовниот процес е од исклучително значење за една земја, а при тоа ИКТ може да помогне учењето да биде практикувано на креативен  и едноставен начин, со што ќе се поттикнуваат децата да уживаат во тој процес.

„Би сакала да изразам голема благодарност на Мicrosoft Партнери во учењето-Македонија и PIL network (www.pil-network.com) кои сиве овие години ја следат и поддржуваат работата на наставниците од оваа земја и со тоа ни овозможуваат високо ниво на професионален развој, напредок и промоција како во рамкте на нашата држава, така и на меѓународно поле. Ми претставува особена чест што токму со нивна целосна поддршка имам прилика да ја претставам Македонија на Светскиот форум на иновативни наставници во Барселона и со тоа да го покажам и својот вложен повеќегодишен труд на полето на образованието.  Како член на PIL network,  имам пристап до најсовремени бесплатни обуки, најсовремни алатки достапни бесплатно за сите наставници, материјали и примери за наставна пракса, контакт со огромен број настваници од секаде во Светот. Мојот проект можете да го следите на (http://bit.ly/1jOdRCG) “- изјави Весела Богдановиќ – наставник експерт (Претставник на Македонија на Глобалниот Форум 2014)

“Ми претставува голема чест и задоволство што сум дел од најиновативните наставници во светот препознаени од Мicrosoft  како наставници експерти. Како еден од победниците на последниот Глобален Форум имам среќа повторно да бидам дел на еден од највозбудливите и иновативни Форуми од областа на образованието организиран од страна на Мicrosoft . Во контакт сум со голем број наставници од последниот Форум благодарение на PIL network (www.pil-network.com) каде што споделуваме искуства и проекти.  Сигурен сум дека и на следниот Глобален Форум ќе имаме можност да се радуваме на новите искуства, знаења и иновации.“-изјави Дарко Талески  – Наставник експерт (Победник на Глобалниот Форум 2013)

„ Ми преставува голема чест и задоволство да бидем дел од најиновативното, најкреативното, наједукативното, и најзабавното  збиднување  во светот – Глобалниот Форум на Мicrosoft . По втор пат ќе бидам дел благодарение на мојата посветеност  на пронаоѓање на иновативен начин и користење на ИКТ технологија на моите часови. PIL network  ми овозможи да сум  во контакт со голем број на наставници од целиот свет со кои споделуваме различни искуства. Благодарна сум што станав дел од големото семејство на наставници експерти.“ изјави Софија Грабулоска – Наставник експерт (Победник на Глобалниот Форум 2013)

Мicrosoft  овозможи и онлајн да го следите светскиот форум, и тоа преку следниов фејсбук линк http://on.fb.me/1fgqT6B  каде што ќе бидат објавени слики од настанот и видеа, како и многу други екслузивни новости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП