27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе санкционира, но Русија ќе конфискува

САД ќе санкционира, но Русија ќе конфискува

rusijanlqkd2398rj

Русија подготвува документ кој предвидува конфискација на имот, средства и сметки на европските и американските компании во случај на воведување на санкции.

Советот на Федерацијата на Русија (Горниот дом на парламентот) подготвува закон кој предвидува конфискација на имот, средства и сметки на европските и американските компании, вклучувајќи ги и приватните, кои работат на руската територија, во случај на воведување на санции кон Русија, пренесуваат руските агенции.

„Нацрт-законот предвидува такви можности да добијат претседателот и владата со цел нашиот суверенитет да се заштити од напади“, изјави авторот на нацрт-законот, претседателот на Комитетот за уставно законодавство, судски и правни прашања и развој на граѓанското општество Андреј Клишас.

Според неговите зборови, во моментов правниците детално го проучуваат прашањето дали конфискацијата на компаниите и приватните лица е во согласност со Уставот на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одговарајќи на прашањето за заканата од Западот, изјави дека „за последиците од санкциите кон Русија треба да мислат оние кои имаат намера да ги воведат“, „штетата во глобалниот свет ќе биде взаемна, а заканите кон Русија се контрапродуктивни и штетни“, потенцираше тој.

Русија потсети дека во случај на санкции, покрај овие мерки ќе го отфрли и доларот како валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП