27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапознајте ја најмладата милијардерка во светот

Запознајте ја најмладата милијардерка во светот

saramnidj3489jf34p

Американката Сара Блејкли е најмладата жена во светот која самостојно заработила една милијарда долари и така се најде на листата на „Форбс“ за најбогатите луѓе во светот.

Сара (43) пред 14 години дала отказ и својата заштеда од пет илјади долари ја инвестирала во создавање на линија на долна облека за обликување на телото. Денес, жените и се заблагодаруваат што немаат проблем со оцртувањето на рабовите на долната облека, а Опра Винфри јавно и се заблагодари.

Интересно е тоа што Сара веќе 14 години е единствена сопственичка на компанијата „Spenks“, а нејзините приходи изнесуваат 250 милиони годишно, со нето профит од 20 проценти. Веќе повеќе години ниту една листа на најбогати луѓе не може да помине без името на Сара Блејкли, а шпекулациите дека планира да излезе на берзата, како што вели таа, се невистинити.

Кога станува збор за приватниот живот на оваа милијардерка, таа живее во Атланта, таа е мажена и име едно дете, а нејзината работа и понатака опстојува благодарение на непрекинатото лансирање на нови производи кои станаа олицетворение на удобност кај женската популација.

Инаку, бројот на жени кои оваа година се најдоа на листата на „Форбс“ за најбогати лица порасна за 25 проценти, па нивниот број во моментов изнесува 172. Сепак, само 32 проценти станале милијардерки благодарени на личниот труд, токму како и Сара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП