27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред либерализацијата на пазарот на електрична енергија формирана балансна група

Пред либерализацијата на пазарот на електрична енергија формирана балансна група

elektrichna555

– Од 1-ви следниот месец почнува либерализацијата на пазарот за набавка на електрична енергија. Формирана е балансна група на компании кои потпишале договор со ЕДС и кој е доставен до Регулаторната комисија за енергетика.

Од компанијата ЕДС посочуваат дека одложувањето на овој процес им оставрил простор сериозно да се подготват за предизвикот.

– Нашата компанија има одлични цени и услови. Ја имаме најголемата балансна група, а тоа значи исполнување на сите обврски без никакви пречки. Кога ја немате поддршката на балансната група, ризикот за набавка и продажба на струја по дадени услови е голем. ЕДС понуди и се уште нуди пониска цена, сигурност и квалитет на испорака на електрична енергија, изјави Кочо Анѓушев сопственик на ЕДС.

Посочуваат дека компаниите кои потпишале договор пред почетокот на либерализацијата на пазарот ќе добијат до 20 проценти поевтина струја.

Покрај големите индустриски капацитети кои се снабдуваат со струја од ЕДС, со формирањето на најголемата балансна група ќе им се придружат уште 40 отсто од македонските компании кои имаат над 50 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП