17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 60 години прв минус во RWE

По 60 години прв минус во RWE

icNwacIzO95c

Германската енергетска компанија „RWE“ во 2013 година работела со загуба, прв пат за повеќе од 60 години, поради кризата во конвенционалното производство на електрична енергија.

Компанијата во 2013 година забележа нето загуба од 2,8 милијарди евра, поради отписот на вредноста на конвенционалните електрани во висина од околу 4,8 милијарди евра, пренесува АП.

Оперативната добивка во минатата година била помала за 8,3 проценти и изнесувала 5,881 милијарди евра, додека приходите се зголемени за 1,6 проценти на 54,07 милијарди евра.

Што се однесува на перспективите, оваа групација очекува дека и 2014 година ќе биде тешка година. Нето добивката, кога ќе се исклучат вонредните ставки, би требало да достигне вредност од 1,3 до 1,5 милијарди евра, во однос на 2,3 милијарди во минатата година, но барем не се очекува загуба, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП