28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоаѓаат ли подобри денови за Шпанија?

Доаѓаат ли подобри денови за Шпанија?

madridshpaincapital5610s65

Бројот на невработени во Шпанија во февруари е намален за прв пат од почетокот на светската економска криза во 2008 година, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Бројот на невработени во февруари е намален за 1,949 на 4,81 милиони, соопшти министерството.

Иако скромен пад, сепак тоа е прво намалување на бројот на невработени на месечнo ниво и уште еден знак дека шпанската економија закрепнува, оценува агенцијата АП.

На годишно ниво, бројот на невработени е намален за 227,736 лица.

Според кварталната анализа на невработеноста, која економистите ја сметаат за попрецизна, стапката на невработеност во Шпанија изнесувала 26 проценти во последниот квартал од 2013 година, со шест милиони луѓе кои немаат работа.

Тоа е втората најголема стапка на невработеност во Европа, зад Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП