28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГазпром нема повеќе да испорачува гас за Украина по намалена цена

Газпром нема повеќе да испорачува гас за Украина по намалена цена

gasprom ukraina

Руската компанија „Газпром“ соопшти дека нема повеќе да и испорачува гас на Украина по пониски цени, затоа што властите во Киев не може да ги платат доспените долгови во февруари.

Одлуката за зголемување на цената на гасот ќе стапи во сила на 1 април. Извршниот директор на компанијата Алексеј Милер изјави дека „Газпром“ би можел да и понуди кредит на Украина од две или три милијарди долари, за да го отплати долгот кој до крајот на јануари веќе достигна 1,5 милијарди долари.

Украинските власти не може да ги платат испораките на руски гас, па долгот кон Русија постојано се зголемува.

Рускиот претседател Владимир Путин, претходно се согласи да и помогне на Украина, продавајќи и гас на оваа земја по пониска цена од онаа на светскиот пазар. Но, договорот меѓу Москва и Киев предвидува цената на гасот да се преразгледува и определува на секои три месеци.

На крајот од март, истекува тримесечниот период по кој треба да се договара цената, но овојпат тоа нема да се случи, па цената на гасот за Украина од почетокот на идниот месец, само ќе се изедначи со онаа што ја плаќаат сите други корисници на рускиот гас.

На својата денешна конференција за медиумите во Москва, соопштението на „Газпром“ го потврди и претседателот Путин. Тој рече дека доколку не бидат платени и сметките за февруари, долгот на Украина за гасот ќе се зголеми на две милијарди долари.

– Доколку не бидат платени сметките, цената ќе се врати на реалното ниво, рече Путин, објаснувајќи дека станува збор за чисто економски потег кој нема врска со сегашната ситуација во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП