20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во јануари поголемо за 6,4 отсто

Индустриското производство во јануари поголемо за 6,4 отсто

industrija2

Индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 отсто во однос на јануари 2013 година, објави Држаниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 9,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП