26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарскиот Парламент го усвои Законот за приватизација

Кипарскиот Парламент го усвои Законот за приватизација

kipar

Кипарскиот Парламент денеска го усвои спорниот Закон за приватизација на државните претпријатија, од чие донесување зависеше исплатата на следната транша од пакетот меѓународна помош во висина од 10 милијарди евра.

На вонредната седница со 30 гласови „за“ и 26 „против“ и ниту еден „воздржан“, Парламентот го усвои Законот, кој минатата недела беше одбиен од пратениците.

За време на седницата неколку стотина демонстранти протестираат против Законот за приватизација, со кој е предвидено да се приватизираат компанијата за дистрибуција на електричнате енергија, телекомот и пристаништата.

Кипарската владејачка коалиција им вети на меѓународните кредитори дека до 5 март ќе го усвои Законот за приватизација, со кој од продажба на компаниите треба да се обезбедат 1,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП