27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Питсбург презентирани можностите за инвестирање во Македонија

Во Питсбург презентирани можностите за инвестирање во Македонија

pesevski-pitsburg

Економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата на Питсбург, САД.

Како што информираат од кабинетот на Пешевски, во рамки на посетата на Питсбург ќе биде одржан и настан во соработка со организацијата „Глобал Питсбург“ на кој ќе учествуваат претставници на компании од областа на Питсбург кои се заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија.

Планирани се и директни средби со неколку глобални компании кои имаат централи во овој регион.

Како што е наведено во соопштението, договорени се средби со менаџментот на неколку компании од металопреработувачката индустрија, автомобилската индустрија, како и од индустријата за производство на високо квалитетна заштитна опрема при работа, каде ќе се дискутира за поволностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање на странските компании, како и за условите во технолошко индустриските развојни зони.

Македонскиот економски тим, според агендата, ќе го посети и градот Јангстаун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП