2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур е најскапиот град во светот

Сингапур е најскапиот град во светот

singapur

Сингапур официјално е прогласен за најскап град за живеење во светот за 2014 година, покажуваат податоците на „Economist Intelligence Unit – EIU“.

Силната градска валута во комбинација со високите цени за користење на автомобил и зголемените цени за сметките, придонесоа Сингапур да го заземе првото место на листата за најскапи градови во светот. Во овој град, исто така, и облеката е најскапа во светот.

Сингапур водечката позиција ја презема од Токио, кој во 2013 година беше прогласен за најскап град за живеење во светот. Меѓу петте најскапи градови во светот се Париз, Осло, Цирих и Сиднеј, додека Токио падна на шестото место. Сепак, храната сеуште е најскапа во Токио.

Истражувањето на „EIU“  за трошоците за живеење во светот го користи Њујорк како основа, а опфаќа повеќе од 400 цени.

Во групата од 10 најскапи градови во светот доминираат азиските и австралиските градови, а тука се наоѓа и по некој европски град.

Меѓутоа, не се сите градови „немилосрдни“ кон паричникот. Поголемите индиски градови, вклучувајќи го Мумбаи и Њу Делхи, се меѓу најевтините градови во светот. Цените во Мумбаи останаа ниски поради големата нееднаквост во приходите. Тука ниски се платите на бројни работници кои малку трошат, а владата им помага со субвенции да преживеат.

Дамаск доживеа огромен пад кога станува збор за цените, па така стана четвртиот најевтин град во светот, а резултат за падот на цените се конфликтите во таа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП