23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадворешно-трговската размена во јануари 825 милиони долари

Надворешно-трговската размена во јануари 825 милиони долари

trgovskarazmenamakedonijamakmak1548

– Македонија во јануари годинава извезла стоки во вкупна вредност од 318.574.000 американски долари, а увезла стоки за 506.431.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62,9 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 187,857 милиони долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Најмногу стоки од Македонија дури 82,1 отсто се извезени во земјите од Европската унија по што следат заемјите од Западен Балкан 11,7 отсто. Европската унија е на првото место и по увозот на стоки во Македонија. Од земјите-членки на ЕУ се увезени дури 65,5 отсто од вкупно увезените стоки во земјава.

Република Македонија најмногу тргувaла со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија со кои е реализирана 54,2 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП