6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДржавата ја спаси Bank of Ireland

Државата ја спаси Bank of Ireland

Bank of Ireland

Загубите на „Bank of Ireland“ значително се намалени во минатата година, како резултат на подобрите приходи и малите трошоции, беше соопштено од оваа групација.

Загубата пред оданочување во 2013-та година изнесувала 569 милиони евра, што е многу помалку во однос на загубата од 1,5 милијарди евра од 2012-та, додека профитот пораснал на 1,065 милијарди евра, што е значително повеќе во однос на 224 милиони евра од 2012-та година.

Поради банкарската криза во Ирска, која резултираше со барање на меѓународна помош, „Bank of Ireland“ беше приморана да влезе под делумна државна контрола, во чија сопственост моментално се наоѓаат 14 проценти од акциите.

„Направивме голем напредок во изминативе три години и сега сме профитабилни“, изјави Извршниот директор на банката, Ричи Бушер.

Нето-добивката на банката во минатата година забележа скок на 2,133 милијарди евра од 1,755 милијарди евра од 2012-та година, додека ненаплатениот кредит е намален на 17,1 милијарди евра во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП