4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЈа напуштила работата и се збогатила патувајќи низ светот

Ја напуштила работата и се збогатила патувајќи низ светот

svetotdlanka561jmu9

Натали Сисон од Нов Зеланд направила нешто за кое мечтаат многу луѓе, ја напуштила „здодевната“ работа и тргнала да го истражува светот.

Сисон четири години живее со куферот во рака. Освен тоа, оваа 36-годишна авантуристка заработува шестоцифрена сума годишно благодарение на онлајн бизнисот и мотивациските говори.

Поранешната маркетинг менаџерка и бодибилдерка за „Yahoo“ раскажа дека едни мислат дека е луда или чудна, а други мислат дека тоа што го направила е фантастично.

„Сакам да мислам на себе како граѓанин на светот. Каде и да го спуштам својот куфер, тоа место го сметам за свој дом“, рекла таа.

Натали нема регистрирано место на живеење во ниедна држава и за себе вели дека е „нов вид на работник“, своевиден „дигитален номад“, односно некој кој работи исклучиво на интернет и не е поврзан за ниедно место.

Досега поминала низ 66 земји, а најмногу останала во Берлин каде живеела два месеци. Во оваа година планира да посети повеќе од десет земји вклучувајќи ги Јапонија, Шведска, Шпанија…

И покрај тоа што нема константна работа, таа секој месец успева да заштеди 2.000 долари.

„Блогот ми носи заработка од маркетингот, а имам дигитални производи и програми кои ги продавам. Покрај тоа, советувам други луѓе преку „Skype“, вели Натали.

На своите патувања главно престојува во домови на локалното население или кај познаници за да не троши премногу пари.

„Сите мислат дека патувањето чини пари, но кога ќе престојувате на евтини места и немате додатни трошоци, всушност е многу евтино“, додава Сисон која до 2008 година била успешна менаџерка во една компанија во Лондон.

Меѓутоа, благодарение на еден семинар ги запознала сите магии на технолошката индустрија и одлучила да започне онлајн бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП