22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПивоварна Лашко: 248 милиони евра приходи

Пивоварна Лашко: 248 милиони евра приходи

pivovarnaihjfpjhpf89jc

Групацијата „Пивоварна Лашко“ проценува дека нето приходите од продажбата и услугите минатата година изнесувале 248 милиони евра, додека добивката од работењето (ЕБИТ) изнесувала 21 милион евра, соопшти компанијата.

Во 2012 година групацијата имала 271,4 милиони евра приходи, а добивката од работењето (ЕБИТ) изнесувала 22,2 милиони евра, што во споредба со резултатите од лани значи намалување, но од групацијата сметаат дека тоа не ги загрижува толку.

Она што навистина ги загрижува и претставува проблем за понатамошното работење е високиот долг на „Пивоварна Лашко“.

Како што изјавија и претходно, словенечките банки не се задоволни од темпото на раздолжување на групацијата „Пивоварна Лашко“ која им должи 398 милиони евра, а компанијата ќе стане несолвентна ако не успее процесот за продажба на Меркатор, на концернот Агрокор.

Тие потсетуваат за бавното и незадоволително раздолжување на оваа групација, која, како што наведуваат, во последните пет години успеала да врати само 56 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП