20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА610 милиони евра од ЕУ за Украина

610 милиони евра од ЕУ за Украина

Belgium EU Nobel Peace Prize

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот со кој таа земја од Европската унија ќе добие кредит во вредност од 610 милиони евра, објавија украинските медиуми.

Овој кредит е договорен уште во февруари 2013 година, додека на власт беше претседателот Виктор Јанукович, но никогаш не беше ратификуван, пренесува Ројтерс.

Новата украинска влада неодамна призна дека земјата се наоѓа во вистинска економска безнадежност и побара итна финансиска помош од земјите – пријатели САД и Полска.

Во Вашингтон веќе јасно изјавија дека новата украинска влада може за почеток да смета на околу една милијарда долари финансиска помош, додека претставниците на ЕУ досега главно даваа усни ветувања, со напомена дека Киев пред се би требало да му се обрати на Меѓународниот монетарен фонд за нов, голем кредит.

Кредитот би требало да биде доделен во четири транши, од 100, 10,250 и 250 милиони евра, со период на отплата од 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП