19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА,,Forbes" ја објави листата на најбогатите во светот

,,Forbes” ја објави листата на најбогатите во светот

bogati forbes

Бројот на милијардери во светот достигна рекордни 1645 луѓе или за 268 повеќе во однос на една година порано.

Вкупното богатство на милијардерите изнесува 6.4 трилиони долари или за 1 трилион долари повеќе од 2013-та година. Вкупниот број на жени милијардери на листата на „Forbes“ се зголеми до рекордни 172, а само за последната година нови 42 жени го зголемија својот статус до над 1 милијарди долари.

Според „Forbes“ зголемувањето на милијардери во светот се должи најмногу на доброто претставување на пазарите на капитал во светот. Земји како Танзанија, Алжир, Уганда и Литванија од оваа година исто така имаат претставници во една од најпрестижните листи во светот.

Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс се врати на првата позиција, откако неговата сметка се зголеми за 9 милијарди долари или до 76 милијарди долари. Гејтс ја заземаше оваа позиција во 15 од последните 20 години. Најбогатиот во светот за последните 4 години, Карлос Слим останува на втората позиција со 72 милијарди долари, а трет рангиран е основачот на „Inditex“ Амансио Ортега со 64 милијарди долари.

Инвеститорот Ворен Бафет е рангиран на четвртата позиција со 58.2 милијарди долари, следен од Лари Елисон со 48 милијарди долари. Браќата Дејвид и Чарлс Кох, казино-магнатот Шелдон Аделстон, како и двајца од наследиците на империјата „Walmart“ Кристи и Џим Волтон ја дополнуваат топ 10. За место меѓу 10-те најбогати во светот се потребни 35 милијарди долари во однос на 23 милијарди долари колку што беа потребни една година порано.

Основачот на социјалната мрежа Facebook Марк Цукерберг забележа најголем раст во благосостојба која порасна за 15,2 милијарди долари или на 28,5 милијарди долари.

Вкупно 100 од милијардерите од изминатата година веќе не се присутни во рангирањето, а други 16 лица починале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП