29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистрите Ивановски и Самак во посета на Силиконската долина

Министрите Ивановски и Самак во посета на Силиконската долина

samak ivanovski

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот без ресор Веле Самак денеска во САД ќе го посетат кампусот на Google во Силиконската долина.

Покрај ова, двајцата министри ќе ја посетат и компанијата за електрични автомобили Тесла Моторс и ќе остварат средба со еден од основачите на компанијата Мindtree.

Средбата со претставниците на Mindree, како што информира Министерството за информатичко општество, произлегува од интересот што извршниот директор на компанијата го покажал за бизнис поволностите во Македонија на средбата што министерот Ивановски ја имал во јануари годинава во Индија.

Двајцата министри се во неколкудневна посета на САД каде ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП