
Golf Variant ја освои златната „IF“ награда за 2014 година. Наградата за високо негуван дизајн на производ му беше доделена во Минхен на Стефан Валбург, дизајнер на брендот Volkswagen. Веќе 60 години, се доделуваат наградите „IF“ за дизајн на производ, за исклучителни дизајнерски достигнување. Меѓународното жири, составено од 49 дизајнерски експерти, оценуваше повеќе од 3 200 производи во последниве недели и го награди Golf Variant во категоријата „Дизајн на транспортно средство“. Златните „IF“ награди им се доделуваат на најдобрите дизајни во вкупно 17 категории.
Во своето официјално соопштение жирито изјави: “Golf Variant има многу чист, оригинален и непогрешлив дизајн кој е значаен за брендот. Дизајнот е врвен поради тоа што не е премногу емоционален. Наместо тоа тој покажува како на еден едноставен начин можно да се постигне совршен резултат во дизајнот на производот. Автомобилот едноставно зрачи со квалитет.”


